Советот на Општина Охрид во понеделник на 28 ноември ќе ја одржи дваесетата седница со почеток во 9 часот.

На дневен ред 65 точки, меѓу нив Предлог-одлуки за усвојување на тримесечни извештаи за реализација на програми во повеќе сфери, како и Нацрт- годишни програми за 2023 и развојни програми за период 2023-2025 во повеќе области.

На дневен ред се и точките кои се однесуваат на Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски Пазар – Охрид, Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот и Каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите опфатени со анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид, Предлог- одлука за давање согласност на Статутот на приватна установа за деца-детска градинка АБЕЦЕДАР Охрид, како и две точки од урбанистичката сфера.

Детали за дневниот ред на следниот линк.

OhridNews