На денешната седница, Уставниот суд на Република Македонија треба да решава за иницијативата за измени на Законот за помилување со кои на шефот на државата му се овозможува да помилува лица и за изборни нерегуларности и други кривични дела.

По тој повод синоќа се одржа протест во организација на неколку невладини организации, собрани околу платформата за граѓанска иницијатива „Ајде“, а со поддршка на СДСМ.

Демонстрантите дојдоа до зградата на МНТ кој е оддалечена на стотина метри од Уставниот суд пред кој протестираа стотици луѓе, организирани од партијата „Гром“ на Стевчо Јакимовски кој изјави дека „ќе ги брани институциите на државата“.

Полицијата не дозволи блиска средба меѓу двете групи.

OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“