Денеска на полноќ истекува рокот  за поднесување на кандидатурите за  градоначалник. Охридската јавност е веќе запознаена со адутите на политичките партии но и со независните кандидати.

Најголемата партија во државава, која е на власт, ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи во освојувањето на локалната власт во Охрид да излезе со Кирил Трендафилов – Нанче,  кој и на овие избори, како и на претходните ќе се трка во собирањето гласови со актуелниот градоначалник, Александар Петрески, адут на СДСМ. Само за потсетување, во 2005 година, Нанче беше кандидат за градоначалник од ВМРО-Народна партија, но тогаш загуби  од Петрески во дополнителниот круг гласање.

НСДП одлучи нејзин кандидат за градоначалник на Охрид на локалните избори закажани за 22 март да биде Ацо Попоски.

Либералдемократите овојпат излегуваат со девиза дека и помалите партии треба да настапуваат самостојно а не во коалиција со поголемите. Нивниот адут за градоначалничката фотелја е Боро Павлоски, директор на јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Со свој кандидат на изборите ќе истрча и ВМРО НП. Адут на народна ќе биде хирургот Томе Гиноски.

Васфи Доко ќе биде кандидат за градоначаник на партијата Нова демократија од Имер Селмани.

Во Охрид, во законскиот рок, независна кандидатура за градоначалник поднесе и Владо Рувинов – Љац.

Ohridnews