Седуммина автори од Македонија, се застапени и извонредно го збогатуваат со своите авторски трудови, најновиот Алманах на светската поезија 4 – “Жамор речи”, спонзориран, мегу другите, и од Светската академија на поезијата од Равена.

Промоцијата на алманохот е во рамки на Мегународниот саем на книгата во Белград, кој е во тек. Од Македонија се застапени, Христо Петрески, Петко Шипинкароски, Веле Митаноски, Стеле Ковач Босилковски, Марина Икономова Шокева, Тоде Илиески, како и Милена Златеска, од македонската дијаспора во Пула, Хрватска.

– Во време на светковината на книгата и списателството, особено ги поздравувам овогодишните лауреати од Македонија, Петко Шипинкароски и Веле Митаноски, добитници на признанијата за особен придонес во афирмацијијат на поетската реч-истакнаа од Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет.

На оваа книга, тим соработници работеа една година.

Књижевниот салон “Поезија Стенка” од Белград, кој е веќе триесет години неинституционално собиралиште и дружење на уметници од сите вокации, пред се, поети од целиот свет, на претходните Саеми на книгата, одржани до сега, претстави 3 Алманаха – зборници од селектирани книжевни творби на автори од целиот свет.

Во оваа книга издадена од Светската академија за поезија од Верона, Здружението на писателите на Србија, Матицата на иселениците и општината Савски венац во Белград, селектирани се трудови од 180 автори, меѓу кои се и многумина офицајилизирани книжевни авторитети, од 17 земји: Шведска, Германија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Македонија, Швајцарија, Словенија, Австрија, Канада, Франција, Австралија, Данска, Турција, Русија и Србија.

OhridNews