Денеска се навршуваат седумнаесет години од крвавиот масакр кај Вејце, каде во конфликтната 2001 година во заседа беа убиени осум припадници на македонските безбедносни сили.

Дел од убиените биле живи запалени, а по убиството телата на мртвите бранители, беа масакрирани.

Во масакрот кај Вејце загинаа бранителите Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски од Битола, Игор Костески од Скопје, Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Миле Јаневски од Македонска Каменица.

Масакрот во Вејце го извршија припадници на ОНА во период кога беа запрени воените дејствија во земјата, а околнистите за истиот до ден денес не се разјаснети.

OhridNews