Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи со Ковид-19: Тетови – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.

Регистрирани сe седум оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1.

Починато е едно лице од Скопје (70 години), во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а на активни случаи изнесува 241, од кои 4 во Охрид.

OhridNews