Седумнаесет претседатели ќе учествуваат на Самитот во Охрид
29.04.08 08:00
Седумнаесет шефови на држави ќе земат учество на Самитот на претседатели на држави од Централна Европа што претстојниот викенд ќе се одржи во Охрид. Се работи за еден импозантен собир и сметам дека Македонија на вистински начин ќе демонстрира способност дека нејзините институции имаат капацитет да организираат еден ваков значаен настан, изјави претседателот Бранко Црвенковски, кој ќе биден домаќин на колегите од Централна Европа. Според него Самитот во Охрид е голема шанса Македонија да ги афирмира своите политички ставови и позиции.
На собирот на претседатели во Охрид ќе се разговара за проширувањето на ЕУ и проблемот со енергитиката.
Активностите околу подготовката на Самитот започнаа минатата година, а деновиве се привршува со дотерување на улиците по кои ќе се движат делегациите. Тие во Охрид ќе започнат да пристигнуваат во четврток на аеродромот Св. Апостол Павле. За време на пристигнувањето и движењето на делегациите во централното градско подрачје на сила ќе биде посебен режим на сообраќај кој ќе започне да се применува на 30-ти април, а ќе трае до заминувањето на делегациите од Охрид.
Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, годинава, по 41 пат, ја организира истоимената ликовна колонија, најстара во нашата земја Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како...
Во петок, 26 јуни си почеток во 20 часот, во Култ Културен Центар во Охрид ќе биде отворена втората изложба од серијата резиденции на странски уметници Голема чест ни е што овојпат тоа е Милица Мац...
Синоќа во 22:03 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридската населба „Елешец“, 40-годишна скопјанкабила нападната и касната од куче домашен миленик Се преземаат мерки за расветлување на настан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.