Најпосетуваниот интернет портал во поширокиот регион, покрај свежи информации, ова лето за своите читатели подготвува многу забава и бројни изненадувања. OhridNews oд денеска започнува со дневни наградни игри, а првата наградна игра со која ќе го одбележиме стартот на летната забава се ДВЕ влезници за спектаклот „Ромео и Јулија“ со кој вечерва свечено ќе биде отворен фестивалот „Охридско лето“. 
За да учествувате во наградната игра на OhridNews:

1.Мора да сте фан (да кликнете Like) на нашата Facebook страна.
2.Посетете го „ohridnews.com “ и кликнете на главниот банер и ќе го добиете вашиот код за учество во наградната игра.
3.Копирајте го кодот и оставете го во коментар на статусoт за наградната игра на facebook/ohridnews, заедно со вашите лични податоци – име и презиме.
Добитникот на наградата ќе биде избран по случаен избор и ќе биде јавно објавен на Ohridnews.com и на нашата фан страна на Facebook во текот на денот. 
Читателите на OhridNews од денеска подетално ќе може да се информираат за настаните од областа на забавата, концерти, настапи на диџеи и естрадни ѕвезди, културни случувања….За таа цел во забавната рубрика секојдневно ќе бидат освежувани најави за забавните и културните случувања во градот и ќе бидат објавувани информации, разговори и стории.
Не пропуштајте ја забавата!
OhridNews