Охриѓанецот Селман Реџеп постави нов македонски рекорд во дисциплината трискок.

Селман на денешниот натпревар во рамките на Купот на Европа во Банска Бистрица,Словачка скокна 15.46 м што преставува нов македоснки рекорд во овва дисциплина.

Реџеп, за 14 см го подобри 36 години долгиот рекорд (15.32) кој беше во сопственост на Бранко Стојановски остварен на  24.09.1972 Загреб. 

Рекордот Селман го постави во првиот од трите скока.

 – Долго се подготвував за овај настап, ја залечив незгоднатаа повреда и  очекувам во наредните натпревари да “одам“ подалку – кратко ни изјави Селман.

Одличниот “скок“ на Селман би требало да му ја обезбеди вајлд картата за ОИ во Пекинг.

од Банска Бистрица, Словачка

Мирко Постоловски