Семејствата сеуште чекаат одговор за трагедијата кај „Парк“
24.09.09 12:15
Семејствата на двете момчиња што летово ги загубија животите во водите на Охриското Езеро на плажата кај хотелот „Парк“, сеуште чекаат официјален извештај на надлежните органи во врска со несреќата. Наум Велкоски, дедо на едно од покојните момчиња јавно упати апел до надлежните институции што поскоро да објаснат кои се причините за трагедијата што се случи на 10 јули, кога двете дваесет годишни момчиња од Охрид настрадаа при прошетка со педалинка по езерото.
-Ниту по по повеќе од 60 дена немаме официјален документ за тоа како се случила несреќата и што всушност ја предизвикало. Немаме записник ниту од Езерската полиција ниту од Капетанијата, ниту од истражниот судија, истакна Велкоски, нагласувајќи дека ќе ангажира адвокат и по службена линија ќе се бараат доказите, за да се отстрани секој сомнеж околу причините за смртта.
Дедото се сомнева дека се работи за несреќен случај како што стои во извештајот на службата за итна медицинска помош, оттаму што, децата биле пливачи, а третиот нивни другар кој бил со нив на педалинката, според Велкоски, давал повеќе различи изјави во врска со несреќата.
-Ние не бараме од никого вина , меѓутоа официјалните органи треба да излезат со соопштение и да се каже зошто и како се случи настанот за повеќе да не се случуваат вакви работи, додаде Велкоски.
Надлежните институции во врска со настанот објаснуваат дека по случајот уредно е постапено, почнувајќи од увидот па до утврдување до причините кои довеле до трагедијата. Според извештајот се работи за несреќен случај, а од Основниот суд во Охрид е најавено дека во најскоро време извештајот ќе им биде доставен на семејствата.
Денеска, 27 септември, се одбележува Светскиот ден на туризмот – сектор кој поврзува култури, создава работни места и претставува значаен двигател на локалниот и економскиот развој За Македонија, а...
По повод празникот посветен на великомаченичките Св Софија, Љубов, Вера и Надеж на 30 септември, среда, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно ...
Денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 20 степени Следува период на променливо обл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.