Семејството на исчезнатиот Уран Купа од с. Велешта, вработен во општина Струга, упати апел до граѓаните да помогнат во негово пронаоѓање.

„Апелираме до сите граѓани кои ја читаат оваа порака да ни помогнат во пронаоѓањето на лицето Уран Купа на возраст од 27 години, од село Велешта, Струга, за кого немаме никаква информација каде може да биде. Лицето е исчезнато од 6-ти февруари, а последен контакт со фамилијата имал околу 19 часот истиот ден. 

Последен пат е виден во град Струга.

Апелираме до сите граѓани, кои можеби имаат информации во врска со исчезнувањето на лицето да се јаваат на телефонскиот број 072-747-400 или во најблиската полициска станица (192).“-стои во апелот на семејството на исчезнатиот Уран Купа.

OhridNews

Припадник на обезбедувањето на струшкиот градоначалник се води за исчезнатa