Семинар за односи со јавност – поквалитетна борба против дрогата
04.07.07 14:27
Деновиве во Охрид, во хотелот „Милениум“ се одржува тренинг – семинар во рамки на TWINNING CARDS проектот „Борба против криминал поврзан со дрога“. Носител на проектот е Министерството за здравство на Македонија во соработка со Националниот институт за превенција од дрога – Унгарија и Тримбос институт од Холандија.
Охрид е еден од четирите града во Македонија во кој се спроведуваат активностите од овој проект (покрај Скопје, Тетово и Струмица) што трае веќе една година и е во својата завршна фаза. „Семинарот првенствено е наменет за лица вклучени во активности поврзани со превенција од дрога“ вели локалниот координатор на CARDS проектот, Ѓоко Апостолов. „Двајца предавачи од Унгарија, користејќи европски искуства, ги обучуваат семинарците како да ги пренесуваат и претставуваат своите активности пред јавноста, односно медиумите“ додава тој.
Како резултат на вклученоста на охридскиот тим од овој проект, неодамна беше формирано Координативно тело за превенции од болести на зависност и донесена програма за работа во наредната година. Програмата е усвоена од Советот на Општина Охрид и е одобрен буџет од 300.000 денари. Новиот проект треба да започне за неколку дена.
Сообраќајот на главниот патен правец од Тирана кон граничниот премин Ќафасан е во прекин поради сериозно оштетување и слегнување на мост на делницата кај Прењас, во источна Албанија Според информац...
На 21022026 година во 1245 часот, на улицата „Кленоец,“ во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници со...
Со традиционалниот детски маскенбал „Емшири 2026” кој се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров” беше одбележан празникот Прочка во Велгошти Младите емширчиња со креативни маски инспирира...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.