Црвените од Енфилд за момент потсетија на “златните“ моменти на овој клуб по пресврт триумфот над Тотенхем со 3-2.. Домаќините први дојдоа во предност со погодокот на “гол машината“ Суарез во 21 минута. До крајот на првиот дел Вергонен го изедначи резултатот, а на стартот на вториот дел истиот фудбалер го доведе Тотенхем во предност. Прекинот на непобедливата серија на Тотенхем го навести Даунинг, а го комплетираше Џерард со голот од пенал во финишот на мечот.

Ливерпул и покрај овој триумф се наоѓа на шесттата позиција, со бода 7 бода заостанување од 4 пласираниот Челси.