Со решение на министерот за внатрешни работи м-р Гордана Јанкуловска, за началник на Секторот за внатрешни работи Охрид е именуван Зоран Сарафилоски, досега времено извршител на оваа должност, информира портпаролот на СВР- Охрид, м- р Стефан Димоски.

Башким Чолаку, досегашен помошник командир во полициската станица за гранични проверки Ќафасан, со решение на директорот на бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, е поставен за помошник началник на СВР Охрид.

Согласно решението на директорот  м-р Чавков, Аце Вељјаноски е поставен за началник на одделението за криминалистичка полиција. Вељјаноски во изминатиов период времено ја извршуваше истата должност.

Велко Спространов, со решение на директорот м-р Митко Чавков е поставен за началник на оделението за полиција во СВР Охрид.  Спространов, претходно ја извршуваше должноста командир на полициската станица од општа надлежност Охрид.

OhridNews