
Во 2.37 часот измерен е земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 8 километри североисточно од Охрид. Земјотрес со иста јачина регистриран бил и во 4.45 часот, на кој му претходеа уште два помали потреси со интензитет од 2.1 и 2 степени.
Синоќа во 20.37 во Охрид беше почувствуван најсилниот земјотрес во текот на ноќта со јачина од 3.2 степени според Рихтер. Епицентарот бил 5 километри западно од Ресен кај селото Јанкоец на длабочина од само 2 километри.
Oсвен вознемиреност кај населението земјотресите кои го тресат Охридскиот регион со денови не предизвикаа штета.
OhridNews











