Министерот Филипче треба да образложи зошто потпаднал под политички притисоци од Владата, изјави кардиологот Сашко Кедев во „Ноќно студио“ на Телма. Повод за неговото гостување беше новата метода за спречување на мозочен удар, која тој прв ја имплементираше во светот.

Тој го објасни новиот иновативен метод на каротидно стентирање, но полемично додаде дека повеќе не е во тимот на кардиолози на клиниката, исто и како повеќе други искусни интервентни кардиолози. 

„Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите 5 интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднана да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри“.

Слушаме за нов Клинички за огромни суми. Овие суми, овие макети кои ги гледаме не се суштината, не е суштината во циглите и макетите. Најважна е компететноста, стручноста на раководните лица. Сега назначени на позиции се маргинални луѓе, административци.

Кедев е загрижен за состојбите во интервентната кардиологија и дека поради негрижата таа може дапрејде во доменот на приватното здравство.

Клиниката за Кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите, додаде Кедев.

OhridNews
извор: „Телма“