Севиља со 3-1 го совлада Манчестер Јунајтед на мечот кој се одигра на „Олд Трафорд“ во чест на фудбалерот Рио Фердинанд.

Фердинанд пред повеќе од десет години пристигна во редовите на Манчестер Јунајтед, а тогаш Сер Алекс Фергусон плати рекордни 30 милиони фунти.

Тој учествуваше во сите успеси и титули во времето на Шкотланѓанецот, а според многумина за Фердинанд има место во тимот на Фергусон.

Погодоците за андолузијците ги постигнаа Витоло, Марин, Рабело додека почесниот гол за Јунајтед го реализираше Валенсија.

Мх.П.