Со голот на Бразилецот, Михаел Бастош во 83-та минута екипата на Шалке ремизираше 2-2 и се спасуваше од пораз кај екипата на Мајнц, за која настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески.

“Црвените“ на два пати имаа предност, но не успеаја да задржат до крај и да прокнижат нови три бода на бундеслигашката табела.

Резултати : Леверкузен – Аугзбург 2-1, Фортуна Дизелдорф – Гројтер 1-0, Хамбургер – Менхенгладбах 1-0, Мајнц – Шалке 2-2, Вердер Бремен – Фрајбург 2-3, Дортмунд – Ајнтрахт.

Мх.П.