Златорог Лашко е веќе минато. Охриѓани гледаат кон наредниот противник во второто коло од Фиба Евро Челинџ купот. Холандскиот Ајфел тауерс.

– При компонирањето на оваа екипа целта беше обезбедување на пласман во групи. По тримфот во Словенија се доближуваме  до целта – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар.

“Езерџиите“ ги посакуваа холанѓаните за противници. И покрај тоа што не доаѓаат од кошаркар земја, сепак тие се екипа која има традиција,  а носители на играта се неколку американски интернационалци. Ростерот во охридскит тим останува истиот, не не е исклучена мозноста да се доведе уште еден центар.
 
До првиот натпревар на 4 ноември , Амак СП има и домашна задача.

– Гостуваме во Куманово кај Поп Спорт, а потоа дома го пречекувме Пелиситер, натпревари кои очекувам да ги добиеме и да влеземе во посакуван ритам.

Првиот натпревар од двомечот се игра на 4 Ноември во Ден Бош, додека реванш мечот е на 11 ноември во Охрид, според Шапкар ваквиот распоред на натпревари ќе биде предност за Амак Сп .

М.Постоловски