
Досега е направено многу но сеуште останува , истакана Шефер, кој симболично предупред дека и крајот треба да биде подеднакво добар како и почетокот.„Кога трчате маратон, првиот дел е полесен од последниот, треба да избегнете , да се соочите со препрееки на крајот , тоа важи и за процесот, “ рече шефер.
Запрашан како се чувствува во „земјата домаќин“ и зошто не го употребува нејзиното име тој рече дека „Во моментов има формална состојба во врска со името на вашата земја, но тоа прашање исто така не е во мандата на НАТО. Лично се надевам дека инволвираните страни ќе најдат решение за проблемот но јас не можам да ја изменам формална состојба”.
На средбата со новинарите, Шефер појасни дека евроинтеграцијата на регионот не е поврзана со решавање на финалниот статус на Косово, но Косово е алката која недостасува.
Шефер рече дека целиот регион оди напред и дека е од суштинско значење за стабилноста на регионот да биде решено Косовското прашање.
Запрашан дали НАТО има резервен план, доколку Русија не го промени ставот за ова прашање, Шефер истакна дек апрашањето на Косово не се решава во рамки на НАТО туку во ОН. НАТО , рече Шефер , на Косово им 16 000 војници и затоа е потребно што е можно поскоро да се најде решение во Советот за безбедност, рече Шефер, и посочи дека сега е потребно инволвираните страни да покажат воздржаност.
Г. Момироски












