Деновиве во општина Дебрца беа презентирани предлог-мерките од програмата на СДСМ од страна на заменик претседателот Радмила Шеќеринска и членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчески и Ѓоко Танасоски и пратеникот Митре Велјаноски.

Тимот преводен од опозиционата СДСМ оствари средба со граѓаните од селата Мешеишта, Лешани и Белчишта, како и со Извршниот одбор на ОО СДСМ Дебарца и советничката група на оваа партија во Советот на општина Дебарца.

Како што инфомираат од ОО СДСМ Дебарца, жителите од овој регион се пожалиле на лошите услови за живеење, невработеноста и борбата за егзистенција, односно на проблемите со откупот на земјоделските производи и затворање на селските продавници од страна на Управата за јавни приходи.

OhridNews