Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 16 возачи, од кои пет малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 18-годишник од Скопје, негов врсник од с.Сливник, општина Чашка, 46-годишен жител на с.Томино село, Македонски Брод, 28-годишен кичевчанец, 30-годишник од С.Церово, тетовско, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода и пет малолетници од Скопје и скопско.

Под дејство на алкохол возеле 35 годишен охриѓанец, 50-годижен жител на Прилеп, 19-годишник од Пробиштип, 44-годишен жител на Тетово и 49-годишен жител на с.Сараќино, тетовско, кои претходно учествувале во сообраќајна незгода. Со изречена активна забрана за управување на возило затекнат бил 22-годишен жител на с.Ларце, тетовско, информира МВР.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, стои во соопштението.

OhridNews