Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е осудена на шест години казна затвор за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

Пресудата денеска во Кривичниот суд ја соопшти судијката Добрила Кацарска, која рече дека Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службената положба и овластување.

– Јанкулоска му ја исполнила желбата на тогашниот премиер Никола Груевски и МВР го набавил мерцедесот кој тој претходно го избрал, при што била нарушена и тендерската постапка, бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор, рече при соопштувањето на пресудата судијката Кацарска.

Јанкулоска не присуствуваше при изрекувањето на казната.

OhridNews