Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 188 случаи на КОВИД-19, од направени 2.245 тестови. Починале тројца, а оздравени се 119 пациенти, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, во Скопје се 123, Битола 18, Кавадарци 10, Прилеп 6, Куманово 5, Штип и Делчево по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1.

Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 7, Куманово и Охрид – по 6, Кавдарци -4, Гевгелија – 3, Кичево – 2, Гостивар, Кочани, Струга , Свети Николе и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (79г), Куманово (84г) и Прилеп (88г) , сите лица се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 67 активни случаи.

OhridNews