Holland-Chile ГГ (1.6)

Вечерва се отвара последното коло во рамките на светското првенство.Играат Холандија-Чиле и типуваме на двете репрезентации даваат гол.

Репрезентацијата на Холандија во првото и второто коло ги совладаа репрезентациите на Шпанија со 1:5 и Австралија со 2:3 и веќе е во осминафиналето.

Од друга страна репрезентацијата на Чиле ги совлада истите репрезентации со 0:2 и 3:1.

Вечерва овие две репрезентации играат за првото место во групата и според нас би требало да играат отворен,брз,динамичен и интересен фудбал со многу голови.

До сега овие две репрезентации се сретнале еднаш на олимписките игри и изиграле нерешено 2:2.

Cameroon-Brazil 2 и 4+ (2.2)

Следни на сцена вечерва се репрезентациите на Камерун и Бразил,а ние типуваме на домаќинот.

Репрезентацијата на Камерун после вечерашниов натпревар ги пакува куферите.Тие во првите две кола загубија од репрезентациите на Мексико 1:0 и Хрватска 0:4.

Од друга страна репрезентацијата на Бразил во првиот меч ја совлада Хрватска со 3:1 а на другиот меч изиграа нерешено против Мексико.

До сега овие две репрезентации се имаат сретнато 3 пати и два пати триумфирала репрезентацијата на Бразил а еднаш триумфирала репрезентацијата на Камерун.

Croatia-Mexico ГГ (1.85)

Најинтересниот натпревар вечерва на светското првенство е натпреварот помеѓу Хрватска и Мексико.Според нас на овој дуел ништо не се знае па типуваме на двете репрезентации даваат гол.

Хрватска во првиот дуел загуби од Бразил со 3:1,за на другиот меч да ја декласира репрезентацијата на Камерун со 4:0.

Од друга страна пак Мексико во првиот меч беа подобри од Камерунците со 1:0,а на другиот изиграа нерешено со моќниот Бразил со 0:0.

До сега овие две репрезентации имаат одиграно еден меѓусебен дуел кој заврши со победа на мексиканците со 0:1.

Australia-Spain 2 и 3+ (1.9)

И за крај на настапите вечерва и за спасување на честа вечерва играат Австралија и Шпанија,а според нас на овој дуел за честа би требало да триумфираат шпанците.

Австралија на првиот и вториот дуел беше поразена од Чиле со 3:1 и Холандија со 2:3.

Од друга страна Шпанија беше исто така поразена од овие две репрезентации со 0:2 и 1:5.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

KuPS-Mariehamn 1 (2.05)

Попладнево се игра 16-то коло во рамките на финската Веикаус лига,а наш избор е натпреварот КуПС-Мариехам и типуваме на домаќинот.

Екипата на КуПС се наоѓа на 6-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи и еден нерешен натпревар.

Од друга страна екипата на Мариехам се наоѓа на 10-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа,еден нерешен натпревар и три порази.

И традицијата е на страна на домаќинот кој против екипата на Мариехам на последните 10 натпревари имаат 5 победи,2 нерешени натпревари и 3 порази.

Seinajoen JK-Honka 1 (2.0)

Друг интересен натпревар за типување во рамките на финската Веикаус лига е натпреварот СЈК-Хонка и според нас подобар е домаќинот.

СЈК се наоѓа на 5-та позиција и на последните 5 натпревари се безпрекорни со 4 победи во низа и еден пораз.

Од друга страна пак Хонка 8-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа,два нерешени натпревари и два порази.

До сега овие две екипи имаат одиграно еден натпревар кој завршил без победник со резултат 0:0.