Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични садови од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид.
Оваа година такви садови ќе добијат индивидуалните домаќинства на улиците: „Димо Хаџи Димов“, „ Париска комуна“, „ Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ – само непарни броеви и „Момчило Јорданоски“ – само парни броеви, информира локалната самоуправа.
Граѓаните садовите за отпад ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„ Механизација“ на ул.„ АСНОМ“. При подигнувањето треба да приложат документ за лична идентификација на кој ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П. „ Охридски Комуналец“. Кантите ќе може да се подигнат секој работен ден ( од понеделник до петок ) во период од 01.02. до 28.02.2021 година, од 07.00 до 13.00 часот. – соопшти локалната самоуправа.

Граѓаните садовите за отпад треба да ги оставаат на лесно достапни места за возилото за собирање на отпад согласно предвидената динамика за собирање на отпадот од наведената улица.
Целта на оваа активност е да се укаже на пробламите од областа на екологијата и да се влијае на подигање на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во голема мера отпадот се собира во нестандарна амбалажа, а со собирање во соодветни пластични садови се подобруваат хигиенско – санитарните услови, заради тоа што нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот и формирање на диви депонии. – се наведува во информацијата на Општина Охрид.
OhridNews











