Шестмина оздравени и ниту еден новодијагностициран од Ковид 19 во Охрид
25.05.21 16:31
Од Министерството за здравство соопштија дека во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 10, Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 1. Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).
Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови, информираа од МЗ.
Во моментов во Охрид има 180 активни случаи, а во Струга 65.
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за сабота, 21 ноември, од 12 до 14 часот во Охрид Собирот ќе почне на градскиот плоштад „Св Климент Охри...
Новоопремен фитнес-центар во селото Лешани, наменет за учениците и локалното население, доби Општина Дебрца Опремувањето е реализирано со донација од почесниот конзул на Република Србија во Охрид, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и 67-годишно лице од Кавадарци, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотре...