Македонската фудбалска репрезентација пристигна со специјален чартер во Ереван каде в петок во 17.ч (македонско време) го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на Ерменија. Попладнево во 15ч. (македонско време) нашата селекција ќе одржи тренинг а во истиот термин ќе тренира и утре .

Впечаток е дека и покрај сите проблеми со повредите, доцното пристигнување на Шумуликоски и проблемите со ефикасноста што ги утврди селекторот Џон Тошак репрезентативците се уверени во своите квалитети и најавуваат интересен и докрај неизвесен натпревар. Ванче Шиков најверојатно ќе биде еден од столбовите во нашата одбрана на петочниот дуел.


– Знаеме дека откажаа Пандев и Ибраими но се надевам дека со доаѓањето на Филип Ивановски и нашите останати напаѓачи ефикасноста ќе биде многу подобра и со Ерменија и со Словачка во Скопје. Вчера игравме контролен дуел со младата селекција и воигрувавме нов систем на игра кој очекувам да даде добри резултати. Што се однесува до противникот, Ерменија покажа и со играта во Скопје и со одличните настапи во овие квалификации дека е квалитетна репрезентација но јас верувам во нашиот потенцијал и мислам дека овие натпревари се шанса за сите нас да се наметнеме за следните квалификациски средби вои не очекува голем предизвик кој со селекторот Џон Тошак можеме да го реализираме- убеден е Шиков.

Ова е 6-ти дуел помеѓу Македонија и Ерменија и на сите 5 средби досега се играло ефикасно. Првото гостување во Ереван заврши без победник 2-2 . Во реваншот во Скопје Ерменија победи со 2-1.

Потоа следуваа две победи на Македонија од 3-0 во Скопје и 2-1 во Ерменија, и на последното гостување во Скопје средбата заврши без победник 2-2.

Ohridnews