Во рубриката „Шо мислит народов“ донесуваме размислувања на граѓаните за условите на патиштата во земјава, особено на тие кои водат до Охрид.

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) деновиве спроведоа превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, при што возачите ги потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила.

Се е во ред велат граѓаните, но што е со патиштата. За каква безбедност зборуваме со вакви патишта прашуваат тие?

  • И одморен да тргниш квалитетон на патон ќе те уморит.
  • Патот полн со дупки.
  • Алал да им е. Мислат пиеш вода одморен и од дупките ќе останеш без бубрези.
  • од 2200 километри кои ги возам секое лето по правец, тие 200 измеѓу Скопје и Охрид се најнапорни, најопасни. Другите 2000 се осеќет како безбеден одмор спрема тоа. – се дел од коментарите на нашата фан страна на Фејсбук.

Шо мислит народов за безбедноста на нашите патишта

OhridNews