Реал Мадрид ја совлада Севиља 2-0 во последниот натпревар од 24-та рунда во шпанската Ла Лига, а на натпреваро шоу имаше Серхио Рамос.

За мечот на “Сантијаго Бернабе“ да помине во знакот на Рамос, тој прво успеа да постигне гол во 12-та минута. Пет минути подоцна Рамос заработи жолт картон, а за една минута главниот арбитар Парадас му додели уште еден, што значеше автоматски црвен. Првиот гол за “кралевите“ го постигна Мората во третата минута.

Резултати : Реал Сосиедад – Леванте 1-1, Валенсија – Мајорка 2-0, Ваљадолид – Атлетико Мадрид 0-3, Еспањол – Реал Бетис 1-0, Реал Мадрид – Севиља 2-0.

Табела : Барселона 65, Атлетико Мадрид 53, Реал Мадрид 49, Малага 42…

Мх.П.