Репрезентациите на Шпанија и Белгија обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал, по победите во осминафиналните пресметки одиграни синоќа и ноќеска.

Шпанија славеше минимално со 1:0 против Португалија, со гол на резервистот Мерино во 91 минута. Со триумфот, Шпанците ќе играат против Белгија во четвртфиналето.

Белгија, пак, убедливо ја совлада селекцијата на Соединети Американски Држави со 4:1. Шарл де Кетеларе постигна два гола и запиша асистенција, а Ромелу Лукаку го постави конечниот резултат во финишот. Американците накратко се вратија во игра преку Малик Тилман, но Белгијците веднаш одговорија и рутински го заверија местото меѓу осумте најдобри.

Вечерва се играат последните два натпревари од осминафиналето. Од 18 часот, актуелниот светски првак Аргентина ќе се сретне со Египет, а од 22 часот играат Швајцарија и Колумбија. Победниците од овие два дуели ќе се соочат меѓусебно во четвртфиналето.

Г.М.