Сите патишта овој викенд водат кон Охрид. Од утрово голем број автомобили од другите градови од земјата влегуваат во градот кој за продолжениот викенд за празникот Илинден ќе биде целосно исполнет.

Хотелските капацитети во Охрид се речиси стопроцентно исполнети, а во приватното сместување се бара кревет повеќе.

Потврда за огромниот интерес за летување во Охрид е најголемиот онлајн сервис за сместивање „Booking“, каде  за деновите од претстојниот викенд не може да се најде сместување во најголемиот туристички центар во земјата, а како алтернатива се нудат капацитети во околината.

Цените на сместувањето се различни и има за секој џеб. Собите во приватното сместување се движат од 30 до 60 евра за полуксузните апартмани. Во хотелите, каде ова лето може да се летува и со ваучери коии ги издаде владата како мерка за помош на туристичкиот сектор во време на пандемија, цените во просек се движат од 30 до 70 евра, а во полуксузните сместувачки капацитети и над тоа.

Г.М.