Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца, пред два дена, во селото Ботун, приведен е 50-годишнит од Штип.

Против него, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава. Тој е осомничен за извршена тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во охридското село Велгошти, и во црквата „Св.Никола“ во селото Белчишта, општина Дебарца, од каде одзел пари, а биле пријавени во полициска станица, претходниот ден, информира СВР Охрид.

OhridNews