Неколку интересни спортски настани ќе се случат во 2013 година, која
сепак треба да биде само ’загревање’ за следната 2014 кога ќе се одржи
Зимската олимпијада во Сочи и Светскиот првенство во Бразил.

Првиот голем спортски настан во 2013 година ќе биде ракометниот Мундијал
во Шпанија, на кое ќе учествува и македонската репрезентација.

Јануари:

1.-6. Скијање: Новогодишна турнеја ’Четири скокалници’

11.-27. Ракомет: Светско првенство во Шпанија

14.-27. Тенис: Австралија Опен

16.-27. Сноуборд: Светско првенство во Канада

19-30. Фудбал: Куп на африкански нации во Јужна Африка

Февруари:

2.-16. Рагби: Куп ’Шест нации’

1.-17. Алпско скијање: Светско првенство

7.-17. Бијатлон: Светско првенство

Март:

1.-3. Атлетика: Светско првенство во сала, во Шведска

1.-10. Софтбол: Светско првенство во Нов Зеланд

30. март-7. април Карлинг: Светско првенство во шведска

Април:

2.-5. Хокеј на мраз: Светско првенство во Канада, жени

7. Атлетика: Старт на Дијаманската лига

14. Велосипедизам: Амстел ’Златна трка’

15.-21. Гимнастика: Европско првенство

Мај:

3.14. хокеј на мраз: Светско првенство во Шведска, мажи

4.-26. Велосипедизам: Џиро Д`Италија

13.-20. Пинг понг: Светско првенство во Франција

27. мај-9.јуни Тенис: Ролан Гарос

15. Фудбал: Финале Лига Европа, Амстердам

25. Фудбал: Финале Лига на шампиони, Лондон

Јуни:

1.-2. Веслање: Европско првенство во Шпанија

10.-20. Фудбал: Светско првенство за играчи до 20 години

13.-27. Фудбал: Куп на конфедерации, Бразил

13.-16. Голф: Отворено првенство на САД

15. Кошарка: Европско првенство, жени

24.јуни-7.јули Тенис: Вимблдон

29.јуни-21.јули Велосипедизам: Тур Д`Франс

Јули:

1.-10. Едрење: Европско првенство

10.-14. Атлетика: Светско младинско првенство, Украина

13.-18. Стрелаштво: Светско првенство, Унгарија

19.јули-4.август Пливање: Светско првенство, Барселона

Август:

4.-11. Бадминтон: Светско првенство, Кина

10.-18. Атлетика: Светско првенство, Русија

17.-25. Хокеј на трева: Европско првенство

24.август-15.септември Велосипедизам: Трка околу Шпанија ’Вуелта’

25.август-1.септември Веслање: Светско првенство, Јужна Кореа

26.август-8.септември Тенис: Отворено првенство на САД, УС Опен

Септември:

4.-22. Кошарка: Европско првенство во Словенија, мажи

6.-14. Одбојка: Европско првенство во Германија, жени

20.-29. Одбојка: Европско првенство во Данска, мажи

20.-23. Велосипедизам: Светско првенство

29.септември-6.октомври Стрелаштво: Светско првенство, Турција

Октомври:

4.-13. Пинг понг: Европско првенство, Австрија

16.-23 Кревање на тегови: Светско првенство, Полска

28.-31. Тенис: Фед куп, Финале

Ноември:

4.-10. Тенис: Завршни Мастерс турнири, Истанбул и Лондон

10.-30. Рагби: Светска лига

15.-17. Тенис: Дејвис куп, Финале

Декември:

7.-22. Ракомет: Светско првенство во Србија, жени

8.-15. Карлинг: Европско првенство, Шведска

10.-20. Фудбал: Светско првенство за клубови, Мароко.

“Макфакс“