Вработените во јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ – РЕ Механизација, денеска излегоа на протести во дворот на работната единица. Тие се незадоволни поради доцнењето на платите и бараат исплата на заостанатите месечни примања.


Штрајк на вработените од „Комуналец“

Штрајкувачите кажаа дека не добиле плата повеќе од два месеци. Тие демантираат секаква политичка мотивираност на штрајкот и тврдат дека единствена цел им е да си ги добијат личните примања.

Ohridnews