
За време на тридневниот штрајк кој се одвива во работните простории, ќе се извршуваат само притворските предмети, тестаментите, предметите со странски елементи и привремените мерки.
Објаснувајќи ги причините за штрајкот , синдикатот на УПОЗ соопшти дека платата на судиите во основните судови се зголемила од 15.600 на 37.800 денари, додека на административните работници, дактилографите од А-класа, судската полиција, на куририте и на хигиеничарите им останале или непроменети или максимум биле зголемени за 1.500 денари.
Платата на административните работници е 9.423 денари, на дактилографите 8.800 денари, на вработените во судската полиција по 9.130 денари, а на куририте и хигиеничарите по 6.200 односно 5.600 денари.
Доколку по тридневниот штрајк не биде позитивно одговорено на барањата на вработените, УПОЗ најави нов повеќедневен штрајк.
Г.М.












