Поради неисплатени плати дел од вработените во ЈП „Нискоградба“ Охрид, денеска одржаа мирен протест во кругот на јавното претпријатие. Тие се незадоволни од доцнењето и нередовната исплата на платите.

Од синдикатот на работниците во „Нискоградба“ информираат дека тие не се организатори на штрајкот во кој учествувале работниците водоводџии, поради што, како што ни беше речено, не можат да дадат никаков коментар.

Без коментар за штрајкот засега е и раководството на јавното претпријатие.

OhridNews