Екипата на Штутгарт е противник на Баерн Минхен во финалето од Купот на Германија. “Швабите“ во полуфиналето го совладаа Фрајбург со Фрајбург со 2-1.

Погодоците на “Мерцедес Бенз Арената“ паднаа во првите триесет минути од мечот. Домаќините поведоа со голот на Бока во 9-та минута, пет минути подоцна Розентал изедначи на 1-1, а во 28-та минута Харник го постигна вреден финале за екипата на Штутгарт.

Противникот на “црвено белите“, Баерн Минхен во полуфиналето го “здроби“ Волфзбург победувајќи го со 6-1. Финалето се игра на 1 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.

Мх.П.