Покрај македонската ракометна селекција, учество на Мундијалот во Египет како статус на резерва обезбеди и репрезентацијата на Швајцарија, откако Соединетите американски држави (САД) беа на удар од вирусот ковид -19.

„Црвено жолтите“ го презедоа местото на Чешка, која и покрај големите напори не успеа да се екипира и да настапи во Египет. Сличен проблем имаше и САД. Селекцијата пријави вкупно 18 позитивни случаи на коронавирусот, по што стана невозможно да се консолидира и учествува на СП.

Периодот на колективно тестирање на селекции помина, а денеска, конечно, ќе започне Мундијалот во Египет. По многу нешта ќе биде необичен, бидејќи ќе нема публика на трибините, а ќе недостасуваат и новинарите, кои исто така добија вето од ИХФ.

Македонската ракометна репрезентација ќе го игра седмиот Мундијал во историјата. Составот за разлика од минатите настапи и изменат, но желбата за што подобар пласман останува. Најдобро заврешен турнир беше во Катар 2015 година, кога Македонија финишираше на доброто деветто место.

Завесата на натпреварите на Мундијалот во Египет ќе ја кренат домаќинот и Чиле, кои ќе се сретнат во 18 часот.

OhridNews