Најмалку 95 лица загинаа во разорниот земјотрес што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Според кинеските државни медиуми, многу згради се урнати.

Голем број луѓе останаа без струја и вода, додека спасителите бараат преживеани под урнатините.

На социјалните мрежи се појави видео од моментот кога земјата почна да се тресе.

Според првите информации, повредени се над 130 лица, а уништени се повеќе од илјада куќи. Пожарникарите трагаат по тела под урнатините.

Според новинската агенција Ксинхуа, земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет во вторникот, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе и принудувајќи ги луѓето на улиците во соседните Непал и Индија.

Г.М.