Американската сојузна држава Алјаска ја погоди силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рирхтер во 8.30 часот по локално време.

Земјотресот предизвикал материјална штета, а била прогласена и опасност од цунами, која подоцна е повлечена.

Оштетени се патишта, згради и друга инфраструктура, а во прекин се телефонските врски. Поради земјотресот во државата е прогласена состојба на природна катастрофа.

OhridNews