18.00 Силен земјотрес во 16.05 часот беше почувствуван во Охрид. Според првичните информации земјотресот бил со јачина од 5.8 степени по Рихтер со епицентар во Јадранското море, на околу еден километар западно од  албанското пристаниште Драч, на длабочина од 10 километри.

Петнаесет минути подоцна исто така во Драч Албанија, на оддалеченост од 7 километри североисточно, регистриран е уште еден силен потрес со јачина од 5.5 степени по Рихтер.

Земјотресите предизвикаа вознемиреност кај жителите на Охрид, но и во регионот, а граѓани кои живеат на повисоките катови во станбени згради во градот јавуваат за помали штети од паднати предмети.

Паника и вознемиреност владее во Драч, каде според информациите на тамошните медиуми земјотресот предизвикал поголема материјална штета. Албанските медиуми јавуваат и за десетици повредени.

“Земјотресот предизвика оштетувања во Драч”

OhridNews