Земјотрес со јачина од 6.1 степен според Рихтер ноќеска ја погоди Костарика.

Епицентарот на земјотресот бил 173 североисточно од главниот град Сан Хозе и 19 километри од градот Голфито, омилена дестинација на сурферите.

Властите соопштика дека земјотресот предизвикал помала материјална штета, а засега нема информации за повредени и загинати.

Земјотресот бил почувствуван и во соседната Панама.

OhridNews