Во центарот на Париз се случи силна експлозија, во која загинаа најмалку 4 лица, а повеќе се повредени. Очевидци изјавиле дека експлозијата се случила во зграда и дека повеќе луѓе биле затрупани под урнатините од објектот.

Засега не се знае точната причина за експлозијата, но се претпоставува дека се работи за експлозија на гас.

На местото на настанот има спасувачки екипи, полиција и пожарникари.

OhridNews