Деновиве на спортското игралиште при ОСУ „Св.Климент Охридски” Охрид, во чест на празникот Св.Кирил и Методиј се одигра турнир во баскет 3Х3 „Гимназија куп 2026” во организација на училишниот спортски клуб Гимназија Охрид и во соработка со ГКК Охрид и Општина Охрид.
На турнирот учествуваа вкупно 9 екипи, од кои 7 во машка и 2 во женска конкуренција или преку 50 учесници.
Двете екипи од Гимназија, по една екипа од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски”, ГКК Охрид, Спортска академија, Јахја Ќемал колеџот и една од Гимназија „Бора Станковиќ” Врање Република Србија во машка и екипите на охридската Гимназија и гимназијата „Бора Станковиќ” од Врање во женска конкуренција, ги одмерија силите во прекрасна спортска и пријателска атмосфера, информираат организаторите.
Настанот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Охрид Перчо Божиновски, а гостин беше и Конзулот на Република Србија во Македонија Мишо Филев.
OhridNews





















