Силниот ветер кој денес дува во Охрид преврте неколку од поставените тезги на цветниот пазар кај Чинарот и уништи  дел од цвеќата за продажба.

Продавачите незадоволно коментираат дека тезгите треба внимателно да бидат поставени и да се стабилни за да не доаѓа до вакви инциденти во кои може да биде повреден некој од нив или пак купувач. Прашуваат кој ќе им ја надомести штетата поради уништените цвеќиња кои требало да ги продадат.

Од ЈП „Градски пазар“ велат дека сите тезги биле добро поставени, на ист начин и дека проблемот настанал поради ветрот.

Инаку, денес, на Меѓународниот ден на жената, уште од утринските часови цветниот пазар и цвеќарите се полни со купувачи. Како што велат продавачите, најголем интерес има за ружите и каранфилите, чија цена се движи од  50 до 100 денари, а цената на саксиското цвеќе е од 120 до 250 денари.

OhridNews