Мотивите за санација и повторно ставање во употреба на мостот кај ОУ „Христо Узунов“ немаат никаква врска со политиката, туку со безбедноста на учениците кои ја следат наставата во ОУ „Христо Узунов“, се наведува во реакцијата доставена од ВД директорот на училиштето, Тони Симоноски, во врска со денес изнесеното на прес- конференцијата на ОО на СДСМ, дека станува збор за фарса во режија на ВМРО- ДПМНЕ.

Мостот веќе подолг период не беше во употреба поради големите оштетувања на подот, покривната конструкција, осветлувањето и претставуваше потенцијална опасност за учениците. Целта беше мостот повторно да се стави во употреба, подобро да се заштити од вечерните собирања на млади луѓе со девијантно однесување и да се влијае врз учениците да го користат при преминувањето на улицата. Мотивите за неговата санација немаат никаква врска со политиката, туку со безбедноста на основците, потенцира Симоноски.

Тој додава дека ако санацијата на мостот е тековна активност, како што велат од СДСМ,  тогаш зошто во текот на изминатите години мостот не се користел и не биле отстранети оштетувањата.  

Т.К.  

Кузески: Градоначалникот го доведе во прашање угледот на охридската гимназија