Август ќе понуди две полни Месечини, поголеми од вообичаеното. Првата засвети на 1 август на небото над Охрид, а втората Супер месечина, како што уште се нарекува овој феномен, повторно ќе ја видиме на 31 август. Имено, нашиот природен сателит тогаш ќе биде најблиску до Земјата.

И двете полни Месечини ќе изгледаат речиси исто големи. Овој двоен спектакл е можен бидејќи циклусот меѓу две полни Месечини е 29,5 дена, а август има 31 ден. Инаку, две полни месечини во еден календарски месец се ретка појава. Од нив, втората се нарекува „Сина Месечина“ – следната е на 31 мај 2026 година.

За двете полни месечини во август, растојанието меѓу Земјата и нејзиниот сателит ќе биде околу 357.000 километри. Просечното растојание, според НАСА, е 384.400 километри.

Г.М.
Фото: А Момироска