Со победата над Брентфорд од 4-0 во ФА Купот за момент фудбалерите на Челси донесоа мир во соблекувалната во која последниве денови имаше доста турбеленции. Идентична победа забележа Манчестер Сити над Лидс и се пласираа во наредната фаза.

За “сините“ голови ги постигна четири различни фудбалери Мата, Оскар, Лампард и Тери додека за “граѓаните“ два пати прецизен беше Агуеро, а по еднаш Јаја Туре и Тевез.

Резултати : Челси – Брентфорд 4-0, Мен Сити – Лидс 4-0, Хадерсфилд – Виган

Мх.П.