Во тек се завршните подготовки за имплементација на паметниот систем „Безбеден град“ на територијата на СВР Охрид која ги опфаќа општините Кичево, Дебрца, Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Охрид и тој ќе биде оперативен од наредниот месец. Ова денеска во Охрид го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој изврши посета на СВР Охрид и Регионалниот граничен центар – Запад.
Во завршна фаза сме и ќе бидеме подготвени да почене со практична примена на „Безбден град“ и на територија на СВР Охрид заклучно со 12 октомври. Сакаме да ги известиме македонските граѓани, особено жителите на општините Дебар, Кичево, Струга и Охрид дека на територија на СВР Охрид започнуваме со имплементација на „Safe city“ за околу две недели. Периодот до тогаш ќе го искористиме да ги завршиме неопходните подготвки на системот, изјави министерот Тошковски.

Тоа сега е надминато и тој ќе биде сместен во адаптирани простории во Регионалниот граничен центар – Запад во поранешната касарна во Охрид, додаде Тошковски.

Системот е во функција од 1 февруари 2026 година. Претходно имавме еден период на адаптација од два и повеќе месеци во кој граѓаните беа континуирано известувани за сите прекршоци, тестиравме што е добро што треба да направиме за да го подобриме системот и мислам дека тоа беше еден доволен период за да се осигураме дека овој паметен систем е корисен за нашите граѓани, спасува животи и го намалува броот на сообраќајни животи. Статистиката којашто ја имаме го покажува тоа. Во споредба со минатата година имаме околу 20 проценти помалку повредени восообраќајни несреќи и 34 жртви помалку споредбено со истиот период, посочи Тошковски.

Освен на јужната граница каде што веќе ги имаме, ЕУ силите на „Фронтекс“ ќе бидат присутни и на западната граница до крајот на оваа година со што ќе може да кажеме дека имаме и подобра контрола на целокупната граница со Република Албанија.
Г. Момироски










